Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на нацијата.
„Имаме силна армија и нашиот народ е силен, сакам да ја изразам мојата поддршка за армијата која е вклучена во борбите. Непријателот претрпе големи загуби, а тие ќе бидат уште потешки. Украина е нападната од воздух, од север и од југ, а националната солидарност е основата на украинската државност.
Издаваме оружје на сите кои се способни да го бранат суверенитетот. Секој граѓанин ќе одлучи за иднината на нашата држава. Секој со воено искуство мора да се пријави во центрите за регрутирање. Ве молиме одговорете и дарувајте крв.
Советот за безбедност ќе ги укине санкциите против сите вклучени во одбраната на нашата земја.
Денес се пишува историја, но друга историја за нас и Русија. Ги прекинавме дипломатските односи со Русија. Украина се брани и нема да се откаже од слободата, без разлика што мисли Москва.
Русија ја нападна нашата земја на страшен начин како што тоа го направи Германија. Русија е на патот на злото, но многу зависи од рускиот народ. Народот на Русија ќе треба да избере по кој пат да оди. Сите оние кои не ја изгубиле честа во Русија сè уште имаат време да излезат и да протестираат против оваа војна“, рече Зеленски, обраќајќи се на руски јазик.

