Зеленски: Покана на Украина за НАТО е единствениот начин да се запре војната

Сподели со своите пријатели

Официјалната покана на Украина за НАТО е единствениот начин да се запре војната што ја започна Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Loading...

– Не можеме да бидеме многу силни без покана (во НАТО), која би ги зајакнала нашите дипломатски напори за завршување на војната. Оваа војна ќе заврши кога (рускиот претседател Владимир Путин) ќе биде изолиран и кога другите партнери ќе го турнат во дипломатија – рече тој.

Според Зеленски, поканата на Украина во Алијансата не само што ќе го зајакне моралот на цивилите и воениот персонал, туку ќе значи и дека нивните деца нема да исчезнат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите губат медицински персонал, многу лекари гинат

– Поканата за НАТО ќе го подигне моралот на нашиот народ и нашата армија. Оваа покана ќе значи уште еден чекор кон НАТО, што значи дека нивните деца нема да умрат. Никогаш. Затоа што ќе бидеме членка на НАТО. Ако не добиеме покана за членство во НАТО, моралот ќе падне – додаде тој.

Зеленски истакна дека реакцијата во западните престолнини на „Планот за победа“ е иста како и на барањето за пренос на системите за воздушна одбрана „Патриот“ и борбените авиони Ф-16.

– Реакцијата на Планот за победа е иста како Патриот и Ф-16. Но, ние мора да го направиме тоа. Само така можеме да преживееме. Војната нема да заврши додека Путин не почувствува дека мора да ја прекине. И тој ја разбира само моќта. Тоа не зависи од Русија, туку од волјата на нашите партнери. Мнозинството е на наша страна. Но, мораме да вршиме притисок врз другите – заклучи Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Русија нападната со 100 дронови, 90 ракети и касетни бомби

Во четвртокот во Брисел, на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, претседателот на Украина рече дека Украина се брани од руската агресија и веќе придонесува за европската безбедност, па затоа заслужува да стане 33-та членка на таа воена политички сојуз.

Зеленски во Брисел пред европските лидери го претстави својот „победнички план“ за ставање крај на војната во Украина.

Loading...