Зеленски подготвен на компромис, Кремљ смета дека преговорите се недоволно содржајни

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска оцени дека преговорите со Киев се недоволно „суштински“, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за „компромис“, кој доколку се постигне, треба да биде одобрен на референдум.

„Се одвива одреден процес (на преговори), но ние би сакале тие да бидат поенергични и позначајни“, изјави за новинарите Дмитриј Песков, портпарол на руското претседателство.

 

Пожари избувнаа во близина на Чернобил, се стравува од зголемена радијација

 

Тој одби да каже за што разговараат двете страни, бидејќи, како што рече, објавувањето на тие теми само ќе го попречи преговарачкиот процес, кој веќе се одвива „побавно и помалку суштински“ отколку што би сакала Москва.

Тој беше прашан за изјавите на Зеленски, кој вчера рече дека е подготвен да разговара со рускиот колега Владимир Путин за „компромис“ за Донбас и Крим за да се прекинат непријателствата што Русија ги започна на 24 февруари.

Зеленски рече и дека таков договор Украинците треба да го ратификуваат на референдум.

 

Космополскаја правда: Објавениот број на починати војници е неточен, бевме хакирани

 

Украина бара да се почитува примирјето за време на преговорите, да се повлечат руските сили од земјата и да се назначат земји гаранти за нејзината безбедност, кои би интервенирале во случај на руски напад.

Од своја страна, Москва вели дека сака да ја демилитаризира и „денацифицира“ Украина и бара неутрален статус на земјата.