Зеленски побара од Вашингтон да го зголеми притисокот врз Русија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Вашингтон да го зголеми притисокот врз Русија за да ја принуди да ја прекине инвазијата на Украина.

Loading...

Зеленски го упати апелот кратко по пристигнувањето на американскиот претставник Стив Виткоф во Москва.

„Многу е важно да се зајакнат сите лостови што им се достапни на Соединетите Американски Држави, Европа и Г7 против Русија“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Кремљ „искрено ќе се обиде да ја заврши војната само кога ќе почувствува доволно притисок“, додаде тој.

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, денес пристигна во Москва, неколку дена пред истекот на ултиматумот на американскиот претседател до Русија, со кој бараше да ја прекине офанзивата во Украина или да се соочи со дополнителни санкции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп верува дека Џеј Ди Венс ќе биде негов наследник