Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку потврди дека е на пат за САД, во неговата прва странска посета од избувнувањето на војната пред 300 дена.
„На пат кон САД за зајакнување на отпорноста и одбранбените способности на Украина. Конкретно, јас и Бајден ќе разговараме за соработката меѓу Украина и САД, а ќе имам и говор во Конгресот и серија билатерални состаноци“,напиша Зеленски на Твитер.
И американскиот претседател Џо Бајден утринава потврди дека Зеленски денеска ќе го посети Вашингтон.
Бајден во изјавата рече дека Зеленски ќе оди во Белата куќа пред да се обрати на заедничката седница на Конгресот „на која ќе покаже силна, двопартиска поддршка за Украина“.
On my way to the US to strengthen resilience and defense capabilities of 🇺🇦. In particular, @POTUS and I will discuss cooperation between 🇺🇦 and 🇺🇸. I will also have a speech at the Congress and a number of bilateral meetings.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 21, 2022
Специјален подарок од украинските војници: „Тоа е за нашите браќа во САД“
Во вторникот во Бахмут, украински војник му подари на претседателот Володимир Зеленски знаме, потпишано од војниците на фронтот, како подарок за американскиот претседател Џо Бајден и американскиот Конгрес, за да им се заблагодари за оружјето што го испратија во нивната земја.
Неименуван војник е снимен во вторникот во Бахмут како му го предава знамето на Зеленски, велејќи дека тоа е подарок „за нашите браќа во САД“.
„Ве молам предајте им го знамето, благодарам“, му рекол војникот на Зеленски.
Ukrainian troops handed over the Ukrainian flag to President Zelensky so that he can relay it to the US Congress as a token of gratitude for all the weapons which are used in defending Bakhmut and whole Ukraine. #Bakhmut #Ukraine #Donetsk pic.twitter.com/EOoolJEG1d
— (((Tendar))) (@Tendar) December 20, 2022