Зеленски: Орбан заслужува шлаканица. Орбан: Ја премина границата

Сподели со своите пријатели

Во Давос, украинскиот претседател Зеленски без ракавици кажа што мисли за ЕУ, Гренланд, ситуацијата во Украина, а имаше особено остри зборови за унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Секој „Виктор“ кој живее од европски пари, а во исто време се обидува да ги продаде европските интереси, заслужува фер шлаканица – рече Зеленски, очигледно мислејќи на Виктор Орбан, кој на секој чекор ја попречува ЕУ и нејзината политика кон војната во Украина.

Орбан не му должеше и објави на X дека ја преминал границата.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денес прв состанок САД – Русија - Украина во Абу Даби

– Вчера во Давос, претседателот Зеленски ја премина границата. Нема ништо ново во фактот дека, додека се приближуваат изборите во Унгарија, тој повторно се нафрли на унгарската влада, но и на мене лично. Но, изненадувачки беше што во својот говор ги критикуваше и сите други европски лидери. Тој тврди дека помошта испратена до Украина е недоволна, дека има премалку оружје и дека европската решителност не е доволна – напиша Орбан, а потоа ја објави новата помош што ќе ја добие Украина.

– Не мораше долго да чекаме одговор од Брисел. Синоќа, Урсула фон дер Лајен презентираше план за развој на Украина.  Во него, претставниците на Брисел ги прифатија сите украински барања: 800 милијарди долари за Украина, забрзано членство во ЕУ до 2027 година и понатамошна поддршка до 2040 година. Еве каде сме. Претседателот Зеленски сè преврте наопаку, а Брисел е подготвен да плати. И ние ќе имаме што да кажеме за ова. Доаѓа национална петиција, преку која можеме да испратиме јасна порака до Брисел: нема да платиме – заклучи Орбан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин подготвен да донира милијарда долари на Одборот за мир на Трамп, но од замрзнатите руски средства