Зеленски одби да го прими германскиот претседател, Германија изненадена и навредена

Сподели со своите пријатели

Конфузија на дипломатскиот подиум – контрадикторни изјави за откажаната посета на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на Киев.

Loading...

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски најпрвин рече дека ниту една од понудите на Штајнмаер не е одбиена, а самиот Зеленски во средата вечерта (13 април) рече дека ниту германскиот претседател ниту неговиот кабинет не испратиле официјално барање до Украина.

Сепак, германската страна го негира тоа тврдење.

Имаше комуникација на повеќе нивоа, велат во германските политички кругови. А самиот Штајнмаер во неколку наврати неуспешно се обидуваше да го добие Зеленски на телефон.

И јасно е дека Штајнмаер не бил добредојден – за тоа писмено бил информиран германскиот амбасадор во Киев од кабинетот на украинскиот претседател, јавуваат германските медиуми.

Последните изјави од Украина се чини дека всушност се обид да се ограничи дипломатската штета. Зашто, германските реакции беа едногласни и јасни: потегот на Зеленски горе-долу едногласно се нарекува непромислен, погрешен и штетен.

„Одбивањето на Германија“

На пример, германскиот министер за економија и вицеканцелар Роберт Хабек рече: „Сојузниот претседател е Германија. И затоа одбивањето на претседателот Зеленски е всушност отфрлање на Германија“, потенцира политичарот од Партијата на зелените.

Loading...

„За жал, морам да го кажам тоа, украинската страна направи дипломатска грешка“, рече Хабек.

Запрашан од новинарите дали тој или канцеларот Олаф Шолц ќе патуваат во Украина, Хабек одговори:

„Сега сите треба да се обидеме да го решиме проблемот, а не да го ескалираме“.

Хабек додаде дека целата германска влада е во постојан контакт со украинската влада.

Шолц е „иритиран“

Канцеларот Шолц, исто така, го критикуваше одбивањето на Украина да го прифати Штајнмаер како „донекаде иритирачки“.

„Претседателот сакаше да оди во Украина“, рече Шолц, додавајќи дека ќе беше подобро ако Штајнмаер беше прифатен.

Во интервју за новинар, канцеларот одговори дека не планира да патува во Киев во блиска иднина.

Loading...

Тој вели дека е во близок контакт со украинскиот претседател Зеленски и додава дека бил во Киев непосредно пред да избие војната.

Шолц нагласува дека не комуницира со речиси ниту еден друг странски политичар колку со Зеленски.

Првично, на иницијатива на полскиот претседател Анджеј Дуда, беше планирана заедничка солидарна посета на Штајнмаер со шефовите на државите на Полска, Литванија, Латвија и Естонија.

Откако германскиот претседател беше прогласен за непожелен од украинската страна, останатите четворица претседатели отпатуваа во Киев без Штајнмаер.

Бурбок: Целосна солидарност

По тој состанок, Зеленски во Киев изјави дека станува збор за посета на претставници на „четири земји пријатели на Украина“ и дека средбата „била многу корисна и плодна“.

Тој посочи дека се работи за претседатели на земји кои „од првиот ден и помагаат на Украина“, кои „не се двоумеле да и достават оружје на Украина“ и кои „не се сомневале во потребата од воведување санкции кон Русија“.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок исто така изрази жалење што Штајнмаер не отпатува за Киев.

Loading...

„Разговаравме за тоа патување и мислам дека би било добро да се случи“, изјави политичарот на Зелените.

Таа нагласи: „Едно е сигурно – ние сѐ уште сме целосно на страната на Украина. Ја поддржуваме Украина во одбраната и сме во целосна солидарност“.

Опозицијата ја критикува СПД

Од водечките германски политичари, само лидерот на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, изрази одредено разбирање за Зеленски.

Тој смета дека одбивањето да ја прифати посетата на Штајнмаер е знак на незадоволство на Украина.

„Очигледно, резервите за политиката на СПД (германските социјалдемократи) кон Русија во многу источноевропски земји се многу длабоки. И имам разбирање за тоа“, рече Мерц.

Loading...

Тој, сепак, додаде дека одбивањето да се посети избраниот шеф на држава на една демократска земја сѐ уште е навреда.

Во меѓувреме, украинскиот амбасадор во Берлин, Андриј Мелник, повторно го покани канцеларот Шолц да го посети Киев, нагласувајќи дека секако е добредојден и дека Зеленски ќе биде среќен поради тоа.

Желбата на Украина е при таа посета канцеларот јасно да вети испорака на тешко оружје.