Зеленски: Обединетите нации не и помагаат доволно на Украина

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава се обрати пред јапонскиот парламент и рече дека меѓународната заедница не помага доволно, а со тоа особено мисли на Обединетите нации, пишува Sky News.

Тој исто така рече дека руските сили ја користат областа Чернобил за да се подготват за нови напади.

 

Каспаров: Путин ќе употреби нуклеарно оружје само во еден случај

 

Тешки борби во украинските градови

Тој додава дека борбите во некои области се толку тешки што луѓето не можат ниту да ги погребаат своите мртви роднини.

Зеленски во последните недели се обрати до голем број меѓународни политичари, а неговиот говор во француското национално собрание беше најавен денеска.

 

Во нападот на Украина загина син на руски политичар

 

Украинскиот претседател денеска изјави дека околу 100.000 цивили се заробени во опколениот Мариупол и живеат во нехумани услови, без храна, лекови и вода.