Зеленски наредил војската да нанесе максимални жртви на руските сили

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им наредил на своите војници да нанесат максимални жртви на руските војници кои ја нападнаа неговата земја, изјави врховниот командант на украинските вооружени сили, генерал Валериј Залужни.

Врховниот командант на вооружените сили (Зеленски) дал наредба да му се нанесат максимални жртви на агресорот“, објави генералот Залужни на Фејсбук.

Тој додаде дека украинската армија „достоинствено се спротивставува“ на непријателските напади.

Русија синоќа започна напад врз Украина откако рускиот претседател Владимир Путин најави операција за одбрана на сепаратистите.