Зеленски најави голема реформа во судството и знаеме зошто

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот објави дека го одобрил планот за реформи за подобрување на казнениот систем и системот за спроведување на законот, клучни елементи во плановите за обезбедување брзо членство во Европската унија.

Loading...

„Мораме да обезбедиме систем кој гарантира правда и владеење на правото во нашата земја, компатибилен со нашата цел за брзо приклучување кон Унијата“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Промените, рече Зеленски, ќе бидат дел од новиот социјален договор што ќе обезбеди граѓаните да се чувствуваат безбедно и заштитено.

„Довербата во државата се заснова на доверба во оние кои дејствуваат во нејзино име. Спроведувањето на законот и обвинителството се клучни за тоа, како и сите што работат во државниот апарат“, тврди тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неколку стотици руски војници биле на лекување во Северна Кореја

Украина, која се бори против руската агресија, официјално поднесе барање за членство во Унијата, а ЕУ го гледа крајот на „ендемската“ корупција, надградбата на законодавството, како и реформите во судството како клучни елементи на тој украински пат. пишува Ројтерс.

Брисел му додели на Киев официјален кандидатски статус во јуни минатата година, четири месеци откако Русија ја започна инвазијата, но процесот на пристапување во Европската унија обично трае со години, бидејќи законите и регулативите на земјата-кандидат се усогласени со правилата на Унијата.

Но, Зеленски сака тој процес да се забрза и преговорите за членство да започнат оваа година.

Во таа насока, тој ја доби поддршката од претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која беше во посета на Украина на почетокот на март.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп до Украина: Сакаме 500 милијарди долари во ретки метали

„Се надевам дека пристапните преговори можат да започнат веќе оваа година. Иднината на Украина е во Европската унија“, изјави Мецола во Лавов.