Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на неодамнешната средба во Париз дека бара безбедносни гаранции за ставање крај на војната со Русија, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со состанокот.

Loading...

Зеленски се сретна со Трамп во француската престолнина во саботата, на 7 декември, за прв пат откако Трамп беше реизбран за претседател на САД.

На состанокот, кој траеше 35 минути, а на кој не присуствуваа советници, Трамп ја повтори желбата за брз прекин на конфликтот и почеток на преговорите.

Зеленски посочи дека Украина не може да се согласи на примирје без соодветни гаранции, бидејќи, како што рече, Русија лесно може да го прекрши секој договор, како што тоа веќе го правеше во минатото, наведува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран го отфрла планот на Трамп за присилно раселување на Палестинците

Претседателот на Украина рече и дека дипломатското решение ќе спаси животи, но дека Украина не може да се согласи на мир без соодветни гаранции.

Иако немаше конкретни предлози за мир, еден извор изјави дека Трамп е отворен да го слушне „секој детал“, пренесува Танјуг.

Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон, кој исто така беше присутен на состанокот, се согласија дека поддршката на САД е клучна за секое трајно решение, имајќи предвид дека рускиот претседател Владимир Путин ги смета „само Трамп, а можеби и Кина“ за сериозни противници на меѓународната сцена.

Макрон ја искористи можноста да му претстави на Трамп дека европските земји веќе одвоиле значителна помош за Украина и дека се подготвени тој товар порамномерно да го споделат со САД, додава агенцијата Ројтерс.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гватемала се согласи да прифати мигранти од други земји кои се депортирани од САД