Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека меѓународната заедница ќе сноси одговорност за масовната „хуманитарна катастрофа“ доколку не ја одобри зоната на забранети летови над таа земја.
Loading...
„Русија користи ракети, авиони и хеликоптери против нас, против цивилите, нашите градови, нашата инфраструктура. Хуманитарна должност на светот е да реагира“, рече Зеленски во видео-обраќањето, пренесува Ројтерс.
Според него, Украинците во последните две недели покажале дека никогаш нема да се предадат.