Доколку конфликтот на Блискиот Исток не се запре наскоро, тој би можел да се претвори во светска војна, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ако некој брзо не ја запре војната на Блискиот Исток, таа би можела да трае многу долго и да се претвори во светска војна“, рече Зеленски, како што објави Укринформ.
Тој оцени дека светот е многу блиску до нова светска војна.
„Многу сме блиску. Не гледам како операцијата во Иран може да биде брза. Гледам поглобални предизвици. Ако војната не запре до есен, ќе трае долго“, рече Зеленски, според Танјуг.
Украинскиот претседател додаде дека порано или подоцна Русија би можела да испрати свои единици да му помогнат на Иран.
„Технички, светот не е подготвен за ова. Европа не е подготвена, освен поединечни земји. Германците се многу брзи, но тоа не е доволно. Нема доволно време за подготовка за вакви предизвици оваа година“, заклучи Зеленски.

