Секој мировен договор со Русија ќе зависи од повлекувањето на руските сили на нивните позиции пред инвазијата, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред лондонскиот тинк-тенк рече дека тоа е минимумот што неговата земја може да го прифати, пишува Би-би-си.
Зеленски рече дека тој е лидер на „Украина, а не мини-Украина“. Сепак, тој не го спомна Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.
Зеленски: „Украина презема дипломатски чекори за да ги спаси бранителите на Азовстал“
Зеленски рече дека не може да стане збор дека Русија ја држи територијата што ја освоила по инвазијата на Украина.
„За да се запре војната меѓу Русија и Украина, чекорот треба да биде враќање на ситуацијата од 23 февруари“, рече тој како одговор на прашање на Би-Би-Си.
„Сè уште не се уништени сите мостови“
„Народот на Украина ме избра за претседател на Украина, а не за претседател на некаква мини-Украина. Ова е многу важна точка“, додаде тој.
Повикувањето на ситуацијата од 23 февруари сугерира дека Украина можеби нема да инсистира на повторно преземање на Крим пред да склучи мир со Русија. Полуостровот беше припоен од Русија пред осум години.
Зеленски повика на продолжување на дипломатскиот дијалог меѓу Русија и Украина:
„И покрај фактот што тие ги уништија сите наши мостови, мислам дека сè уште не се уништени сите мостови, фигуративно кажано“, рече тој.
Русија, од своја страна, го опиша процесот како „стагнација“.