Зеленски ја повика Јапонија да го зголеми притисокот врз Русија

Сподели со своите пријатели

Во виртуелното обраќање до јапонските пратеници во средата, украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Токио да го зголеми притисокот и санкциите против Русија.

Loading...

Зеленски рече дека Русија се подготвува да употреби хемиско оружје во Украина и нагласи дека нуклеарните централи во неговата земја се „во опасна состојба“.

 

Украина: Напредокот на Русија е запрен на повеќе фронтови

 

Зеленски, првиот шеф на државата што практично им се обрати на јапонските парламентарци, изрази благодарност за јапонската помош по руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Тој, исто така, го нарече Советот за безбедност на ОН „нефункционален“.

Неговиот говор доаѓа неколку часа пред јапонскиот премиер Фумио Кишида да отпатува во Брисел за да присуствува на самитот на Групата седум (Г7) што ќе се одржи во четврток на маргините на вонредниот состанок на лидерите на НАТО.

Loading...

 

Украина тврди: Убивме уште еден важен руски командант

 

Зеленски повика на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на конфликтот. Сепак, тој во неодамнешното интервју за Си-Ен-Ен предупреди дека ќе избие Трета светска војна доколку преговорите не успеат, објави јапонската новинска агенција Кјодо.