Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека веќе постојат првите докази дека Русија почнала да користи значителен број војници од Северна Кореја за операции во областа Курск.
„Русите ги вклучија овие војници во операциите засега само во регионот Курск, но имаме информации дека тие би можеле да бидат ангажирани и во други делови од фронтот. Загубите меѓу овие војници се веќе забележливи“, рече тој во видео-обраќање. , објави агенцијата Укринформ.
Зеленски рече дека Москва „максимално вовлече друга земја во војната во Украина“ и рече дека тоа претставува ескалација.
„Путин е тој што презема чекори за проширување и продолжување на оваа војна. Тој ја отстранува можноста за мир и сака светот да има повеќе проблеми во Азија. Токму поради оваа причина Русите ги учат војниците на Северна Кореја за модерно војување“, рече украинскиот претседател.
Тој додаде дека Москва ги игнорира повиците од сите земји, од Кина и Бразил до многу други, за потребата да се направи се за да се деескалира.