Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц го покренал прашањето за почитување на меѓународните правила кои го регулираат третманот на воените заробеници.
Loading...
Канцеларот на Германија и претседателот на Украина разговарале и за зајакнување на одбранбената поддршка за Украина и се согласиле дека треба да се направи се за да се „извлечат“ украинските житарки наменети за извоз од Украина, особено по морски пат, јави Танјуг.
Германскиот канцелар го информирал Зеленски за неговиот телефонски разговор од 28 мај со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на германската влада, кој не откри детали.