Зеленски и ЕУ подготвуваат нов пакет санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, разговараше со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за понатамошните заеднички активности по резултатите од преговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, како и за подготовката на новиот, 19-ти пакет санкции на Европската Унија против Русија.

Loading...

„Разговаравме и за нашите понатамошни чекори и за подготовката на новиот, 19-ти пакет санкции на ЕУ против Русија. Притисокот мора да се зголеми сè додека Русија не преземе вистински чекори за запирање на војната“, нагласи Зеленски на Телеграм.

Тој изјави дека сигурните гаранции за безбедност за Украина кои ќе функционираат се „најважното достигнување на заедничката работа – на сите партнери, и најважно, украинската храброст, која ја одбрани нашата независност“, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Ниту Крим ниту Донбас никогаш не биле наша цел

Зеленски изјави дека со Кошта разговарал за резултатите од состанокот на Европскиот совет и понатамошните заеднички активности.

„Ја цениме единството и непоколебливата поддршка на Европската Унија. Се согласивме да продолжиме со тесната соработка“, рече Зеленски.