Украина го помести официјалниот божиќен празник од 7 јануари на 25 декември, што е последен потег за дистанцирање од Русија.
Претседателот Володимир Зеленски го потпиша парламентарниот предлог со цел „да се напушти руското наследство за наметнување на божиќните прослави“.
Во последниве години, Киев ги прекинува односите, културните и другите врски со Русија и се приближува кон Западот.
Овој процес ескалираше по руската инвазија во 2022 година.
Зеленски го потпиша законот во петокот, две недели откако украинските пратеници го усвоија.
Законот, исто така, поместува два други државни празници: националниот ден на Украина од 28 јули до 15 јули и Денот на ветераните, кој го одбележува сеќавањето на ветераните на вооружените сили, од 14 октомври до 1 октомври.
Москва се уште јавно не се изјаснила на оваа тема, пишува Би-Би-Си.