Зеленски: Ги уништивме плановите на непријателот

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот рано наутро во видео-обраќање до нацијата даде оптимистичка оценка за војната и ги повика Украинците да продолжат со отпорот, додека Генералштабот на украинската армија изјави дека армијата има документи за воениот план на Русија.

Loading...

„Ние сме народ кој за една недела ги уништи плановите на непријателот. Тука нема да има мир. Нема да имаат храна. Тука нема да има мирни моменти“, рече тој во видео пораката, пренесува АП.

Зеленски, сепак, не коментираше дали Русите зазеле неколку градови, вклучително и Керсон.

„Ако отишле некаде, тогаш тоа е само привремено. Ќе ги избркаме“, изјави украинскиот претседател.

Зеленски нагласи дека борбите влијаат на моралот на руските војници, кои „влегуваат во продавниците и се обидуваат да најдат нешто за јадење“.

„Ова не се воини на некоја велесила. Тоа се збунети деца кои биле експлоатирани“, изјави претседателот на Украина.

Тој тврди дека бројот на загинати Руси достигнал речиси 9.000.

„Украина не сака да биде покриена со тела на војници. Одете дома“, рече Зеленски.

Loading...

Генералштабот на украинската армија во средата соопшти дека армијата има документи за воениот план на Русија.

„По успешните операции на украинската армија, руските војници паднаа во паника и оставија зад себе некои тајни документи“, се вели во соопштението на Генералштабот, јавува Anadolu Agency (AA).

Се наведува дека „воениот план со Украина“ бил одобрен на 18 јануари 2022 година.

Окупацијата на цела Украина требаше да биде завршена во рок од 15 дена, од 20 февруари до 6 март“, се вели во документот.

Нападот на Русија врз Украина, кој започна на 24 февруари, го предизвика гневот на меѓународната заедница, а Европската унија, Велика Британија, Канада, Јапонија и САД воведоа економски санкции кон Москва.

Многу земји ја снабдуваат Украина со оружје, го затвораат воздушниот простор за руските авиони и ги забрануваат руските државни медиуми.

Втората рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина е закажана за четврток, јавува Ал Џезира.