Зеленски ги повика партнерите да не чуваат оружје во магацини

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска им порача на своите партнери дека системи за противракетна одбрана и друго оружје не треба да се чуваат во магацини, бидејќи тие мора да се користат за спасување на луѓето.

Loading...

„За Украина, постои очигледна потреба да се зајакне нашата противвоздушна одбрана на начин што ќе го оневозможи овој руски терор. Секаде каде што е потребно. Важно е големите земји кои го имаат потребното оружје да бидат навистина големи во заштитата на животот – тие не треба да ги чуваат овие оружје некаде во магацини, но дека системите Патриот и се останато навистина функционираат за да спасат животи на луѓе“, напиша Зеленски на каналот Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите го уништија еден од најголемите пазари во Европа (ВИДЕО)

Во рускиот напад на украинскиот град Харков денеска се повредени најмалку 16 лица, меѓу кои и едно дете, соопштија регионалните власти.

Три лица се во тешка состојба, пренесува Укринформ. На местото на ударот избувнал пожар од големи размери. Под урнатините има најмалку две лица.