Зеленски ги објави условите на мировниот договор со Русија

Сподели со своите пријатели

Секој мировен договор со Русија ќе зависи од повлекувањето на руските сили на нивните позиции пред инвазијата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Тој рече дека тоа е минимумот што неговата земја може да го прифати, пишува Би-Би-Си.

Зеленски изјави дека е лидер на „Украина, а не на мини Украина“.

 

Северна Кореја истрела балистичка ракета

 

Сепак, тој не го спомна Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. Тој исто така изјави дека не може да се зборува за тоа Русија да ја држи територијата што ја освои откако ја нападна Украина.

– За да се запре војната меѓу Русија и Украина, чекор треба да биде враќање на ситуацијата од 23 февруари – рече тој, одговарајќи на прашањето на Би-Би-Си.

Loading...

 

Кличко ги моли граѓаните да останат дома од недела: „Постои шанса Русија да ги таргетира украинските региони“

 

Повикувањето на ситуацијата од 23 февруари сугерира дека Украина можеби нема да инсистира на повторно преземање на Крим пред да склучи мир со Русија. Полуостровот беше припоен од Русија пред осум години.

Зеленски повика на продолжување на дипломатскиот дијалог меѓу Русија и Украина.