Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека Израел прави напори да договори мировни преговори на највисоко ниво меѓу неговата земја и Русија и дека тие би можеле да се одржат во Ерусалим.
„Израелскиот премиер Бенет се обидува да најде начин да води преговори“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.
„Ние сме благодарни за овие напори. Порано или подоцна ќе мораме да започнеме преговори со Русија, можеби во Ерусалим. Тоа е вистинското место да се најде мир, ако е можно“, рече Зеленски во пораката објавена по видео врската со израелската парламентот.