Зеленски: „Едно е потребно за праведен мир и запирање на Путин“

Сподели со своите пријатели

За праведен мир во Украина и за запирање на рускиот претседател Владимир Путин, потребно е единство на САД и ЕУ, како и во рамките на ЕУ, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

„Мораме да го постигнеме тоа единство за да постигнеме мир и само САД заедно со Европа можат да го запрат Путин и да ја спасат Украина“, рече Зеленски пред почетокот на самитот на ЕУ на кој беше поканет.

На прашањето дали Европа може сама да ја поддржи Украина, доколку новиот американски претседател престане да го прави тоа, Зеленски рече дека „би било многу тешко“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кошта: Европската унија ќе застане на Украина и во војна и во мир

„Ќе разговараме за ова кога Трамп ќе дојде во Белата куќа“, додаде украинскиот претседател.

Главни теми на самитот се помошта за Украина и улогата на ЕУ во светот.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, го повтори ставот на ЕУ дека ќе остане со Украина онолку долго колку што е потребно.

„Можете да сметате на нашата целосна и непоколеблива поддршка, сеедно и колку време е потребно“, рече Коста обраќајќи му се на Зеленски.