Зеленски до американските лидери: Не чекајте ноември, помогнете ѝ на Украина сега

Сподели со своите пријатели

Во Вашингтон, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика политичките лидери во САД да не го чекаат исходот од претседателските избори во ноември за да преземат решителни мерки за да ѝ помогнат на неговата земја во војната против Русија.

Loading...

„Сите го чекаат ноември. Американците го чекаат него, како и Европа, Блискиот Исток, Пацификот, целиот свет, а да бидам искрен, и рускиот претседател Владимир Путин го чека ноември“, рече Зеленски во говорот во институтот Роналд Реган. самитот на НАТО, објави Ројтерс.

Тој додаде дека е време да се излезе од сенка и да се донесат цврсти одлуки, да се дејствува и да не се чека ноември или кој било друг месец“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ја смени претседателката на Федералната изборна комисија

Зеленски, исто така, рече дека не може да предвиди што ќе направи Доналд Трамп доколку повторно стане претседател.

Тој додаде дека се надева оти Трамп нема да го напушти НАТО и дека Америка ќе продолжи да ја поддржува Украина.

„Не го познавам многу добро“, рече Зеленски, додавајќи дека имал „добри средби“ со него, но тоа било пред војната во Украина во 2022 година.

Самитот на НАТО по повод 75-годишнината од Алијансата, на кој присуствуваат бројни светски лидери, меѓу кои и Зеленски, ќе трае до 11 јули.