Зеленски: Бројот на севернокорејски војници во Курск се зголеми на 11.000

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека 11.000 севернокорејски војници пристигнале во руската област Курск, врз основа на информации од украинските разузнавачки служби.

Loading...

Зеленски во вечерното обраќање рече дека украинските разузнавачки агенции го информирале за движењето на севернокорејските војници и дека жали што западните сојузници не реагирале поцврсто, пренесе украинскиот сервис на Радио Слободна Европа.

„Веќе има 11.000 (Севернокорејци) во регионот Курск“, рече Зеленски.

„Гледаме зголемување на Севернокорејците, но не и зголемена реакција од нашите партнери. За жал.“

Според проценките на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, бројот на севернокорејски војници префрлени во Русија сега е околу 12.000, од ​​кои 500 офицери, од кои тројца се генерали.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски е лут на Полјаците оти не сакаат да соборуваат руски ракети над Украина

Во понеделникот, Пентагон процени дека има 10.000 севернокорејски војници во регионот Курск, кој граничи со Украина.

Вкупниот број на севернокорејски војници во Русија „може да биде поблиску до 11.000-12.000“, изјави портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер за новинарите на брифингот.

Високи американски функционери минатата недела процениле дека во регионот Курск – каде што украинските војници контролираат неколку стотици квадратни километри од руската територија по започнувањето на копнена офанзива во август – има околу 8.000 севернокорејски војници од вкупно 10.000 во Русија.

Loading...

Рајдер рече дека Пентагон во овој момент не може да ги потврди извештаите дека севернокорејските војници влегле во борба, но дека на сите севернокорејски сили можеби им биле дадени руски униформи и руска опрема.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од Украина до Блискиот Исток, глобалните влогови во изборите во САД

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин минатата недела изјави дека се очекува војници да бидат распоредени во борба во наредните денови.

Тој додаде дека тие ќе станат легитимни воени цели кога ќе влезат на бојното поле.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борељ, во понеделникот во Сеул се состана со јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Тае-Јул.

Тие објавија заедничка изјава во која на „најсилен можен начин“ го осудуваат распоредувањето на севернокорејските трупи.

„Ние сме, исто така, длабоко загрижени за можноста за каков било трансфер на технологија поврзана со нуклеарни или балистички ракети (во Северна Кореја=), што би ги поткопало меѓународните напори за неширење и ќе ги загрози мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров и низ целиот свет, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Русија не напаѓа со десет пати повеќе дронови „Шахед“ од минатата есен

Северна Кореја и Русија не го потврдија распоредувањето на севернокорејски војници, иако тврдат дека нивната воена соработка не го прекршува меѓународното право.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот во Москва се сретна со севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи.

Loading...

Детали за средбата не беа достапни, но Чое пренесе „искрени, топли, пријателски поздрави“ од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.