Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика граѓаните ширум светот да излезат на улиците во знак на протест против руската инвазија на Украина.
Во жестокиот говор во пресрет на 24 март, еден месец по почетокот на руската инвазија, Зеленски го повика светот „да се спротивстави на војната“.
Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови
Протестирајте од вашите канцеларии, од вашите домови, од вашите училишта и од вашите универзитети, протестирајте во име на мирот!“, рече Зеленски.
Стотици цивили се убиени, стотици се ранети и повеќе од три милиони Украинци ја напуштија својата земја откако Русија го започна својот напад на 24-ти февруари.