Зеленски: Ако Трамп знае како да ја запре војната, веднаш нека ни каже

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата изјави дека би сакал американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да му објасни како точно ќе ја прекине војната во Украина во рок од само 24 часа.

Loading...

„Тој не треба да чека на претседателските избори во САД во ноември за да ги открие деталите. Ако Трамп знае како да ја запре војната, нека ни каже денес“, рече Зеленски во интервју за телевизијата Блумберг во средата.

„Доколку е загрозена независноста на Украина, ако има ризици од губење на нашата државност, сакаме да бидеме подготвени на тоа“, рече украинскиот претседател и додаде:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Следниот четврток Бајден ќе одржи прес-конференција

„Тие не можат да го планираат својот живот и животот на нашите луѓе, нашите деца. Мојата порака е дека ако имате план, тој може да биде таен поради изборите, но мислам дека треба што побрзо да знаеме, да се подготвиме“.

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на ноемвриските избори неколку пати изјави дека може да ја прекине војната „во рок од 24 часа“, но не објасни како.

Зеленски рече дека е подготвен да се сретне со Доналд Трамп и неговиот тим и да ги слушне нивните предлози.

„Сакаме да знаеме дали по ноември ќе имаме силна поддршка од САД или ќе бидеме сами“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарија сака да посредува меѓу Русија и Украина