Украинскиот претседател Володимир Зеленски се појави на социјалните мрежи и го опиша целосното уништување на цивилниот аеродром во градот Виници, југозападно од Киев.
Во истото видео, тој го повтори својот апел до светските лидери да воспостават зона на забранети летови над Украина.
„Ние сме луѓе. Вашата хуманитарна должност е да нѐ заштитите, да ги заштитите луѓето. Можете да го направите тоа. А ако не го направите тоа или барем не ни дадете авиони да се заштитиме, постои само еден заклучок: Сакате да нѐ убијат“.
Да потсетиме, членките на НАТО се против идејата за воспоставување зона на забранети летови над Украина.
Имено, тоа би значело дека авионите на НАТО директно би се судриле со руски борбени авиони над Украина. Тоа, тврди НАТО, би предизвикало поширок конфликт со Русија.