Носителот на листата кандидати за советници во Општина Липково е лицето во кое денеска беше пукано пред зградата на Општина Куманово.
– Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од село Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот.
Инаку центарот на Куманово е затворен, а голем број полициски службеници со панцири и автоматско оружје се на терен.
Според очевидците, напаѓачот веднаш избегал.
ДУИ за вечерва има закажно митинг во Куманово.
Никола Ивановски