По повод Денот на екологијата, Кумановскиот огранок на Здружението „СИЛА“ викендов реализираше еколошка акција на Спомен-костурницата во Куманово.

Акцијата, како што информираат од здружението била насочена кон уредување и чистење на просторот околу овој значаен историски локалитет, со цел подигање на свеста за важноста од зачувување на животната средина, но и одржување на културно-историските обележја.

Од здружението посочуваат дека преку ваквите активности се испраќа јасна порака за значењето на здравата околина како предуслов за здраво тело и здрав дух.

Тие најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со слични иницијативи, насочени кон заштита на природата и подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
Здружението „СИЛА“ се залага за почитување, унапредување и јакнење на човековите права и слобода, а во него претежно членуваат припадници на безбедносните сили.
Никола Ивановски

