Здружението „СИЛА“ со еколошка акција на Спомен Костурница (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По повод Денот на екологијата, Кумановскиот огранок на Здружението „СИЛА“ викендов реализираше еколошка акција на Спомен-костурницата во Куманово.

 

 

Акцијата, како што информираат од здружението била насочена кон уредување и чистење на просторот околу овој значаен историски локалитет, со цел подигање на свеста за важноста од зачувување на животната средина, но и одржување на културно-историските обележја.

 

 

Од здружението посочуваат дека преку ваквите активности се испраќа јасна порака за значењето на здравата околина како предуслов за здраво тело и здрав дух.

 

 

Тие најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со слични иницијативи, насочени кон заштита на природата и подобрување на квалитетот на живот во заедницата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со возила им го попречиле патот па натепале двајца кумановци

Здружението „СИЛА“ се залага за почитување, унапредување и јакнење на човековите права и слобода, а во него претежно членуваат припадници на безбедносните сили.

Никола Ивановски