Целерот е многу здрав зеленчук. Храната подготвена од него е здрава, па дури и вкусна, така што имате добитна комбинација. Наводно, во некои стари книги за готвење, за целерот, пишувало дека има и афродизијачки својства. Во секој случај, крем супата од целер ќе ве стопли, а неговите здрави состојки ќе му помогнат на вашето тело.
Состојки:
500 грама корен и лисја од целер
еден морков
еден компир
сол, бибер, зачини
павлака, милерам, грчки јогурт – по избор
2-3 парчиња леб за брускети
Подготовка:
Измијте го зеленчукот, исечкајте го и варете. Грижете се да го сварите во малку вода и треба да биде многу мек. Потоа ставете го во мешалка и изблендирајте, а тоа можете да го направите со рачен миксер. Додадете сол, бибер и други зачини по желба и потоа ставете повеќе вода во шерпата. Густината ја одредувате вие, ако сакате да биде погуста, ќе ставите помалку вода, ако сакате потенка супа, тогаш повеќе. Почекајте да зоврие. Можете да додадете малку кисела павлака, милерама или грчки јогурт како додаток на крем супа, а како украс да ставите ситно исечен лист целер. Исечете го лебот на коцки и направете брускети кои ќе и дадат дополнителен вкус на супата.