Рин Отон од англискиот град Сатон, мајка на четири деца, за британските медиуми изјави дека на 28 август се здобила со брутални повреди поради тепање што и го задал непознат расист, кој ги навредувал нејзините деца на расна основа, бидејќи ги добила омажена со маж од Карибите.
Се започнало кога, околу 23 часот, видела непознат и чуден маж во близина на нејзината куќа и го прашала дали му е потребна помош. Тогаш човекот брутално ја нападнал.
– Ми пријде и во тој момент го видов како ја стиснува тупаницата, а потоа ме удри по левата страна на лицето. Останав на подот и претрпев болка, а тој потоа се приближи и ме удри со нога во ребрата. Тој зборуваше одвратни зборови на сметка на моите деца од мешан брак. Сфатив дека е расист и врескав од болка. Во тој момент тој побегна. Се плашев дека ќе се врати и некако станав и влегов во куќата – рече Рин Отон.
Отишла во болница два дена подоцна, и било утврдено дека и се скршени ребрата, вилицата и прстот, потоа се здобила со фрактура на јаболчната коска, како и расекотини на лицето и рацете.
Таа дури изјавила дека мора да јаде и пие на сламка со денови по тепањето.
– По неколку дена, отокот и модринките се намалија, и ми рекоа дека ако повредите на лицето не заздрават, ќе морам да се оперирам. Целиот овој инцидент ме исплаши и сега живеам во страв дека насилникот може да се врати. Видов и дека тој ја снимил мојата куќа со мобилен телефон пред тоа – истакна Отон.
Таа го опиша напаѓачот како белец на возраст од 45 до 50 години, ќелав и имал тетоважа на вратот.
Полицијата го бара.