Завршните сметки ќе може да се поднесат и во сабота и електронски

Сподели со своите пријатели

Поднесување на завршните сметки за 2025 година ќе може да се изврши и во сабота, на 28 февруари 2026 година, во сите регионални регистрациони канцеларии и регистрациони канцеларии низ државата, во периодот од 8:00 до 16:00 часот.

Како што информираат од Централниот регистар на Република Македонија, микро и малите трговци ќе имаат можност завршната сметка, согласно Законот за трговските друштва, да ја поднесат и во електронска форма, со краен рок до 16 март 2026 година.

Трговците поединци и самостојните вршители на дејност, кои се обврзници согласно Законот за данокот на личен доход, завршните сметки за 2025 година ќе можат да ги достават во хартиена форма најдоцна до 16 март 2026 година (понеделник), во сите канцеларии, од 8:00 до 16:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  15-годишник од Куманово украл паркиран автомобил и крадел од приватни имоти

За дополнителни информации и помош при поднесувањето, обврзниците можат да се обратат преку телефонските броеви за контакт, електронската пошта или контакт-формата, информираат од Централен регистар.

Никола Ивановски