ЗАВРШИЈА ИЗБОРИТЕ ВО ТУРКМЕНИСТАН: Бердимухамедов ќе го наследи татко му

Сподели со своите пријатели

Сердар Бердимухамедов, син на претседателот во заминување на Туркменистан, победи на предвремените избори со 73 отсто од гласовите и ќе го наследи својот татко, соопшти денеска Централната изборна комисија на таа централноазиска земја.

Победата на 40-годишниот Сердар Бердимухамедов беше нашироко очекувана откако неговиот татко го назначи за заменик-премиер, сугерирајќи дека тој е назначен за наследник, пренесува Ројтерс.

 

Мариупол е целосно уништен (ВИДЕО)

 

На изборите учествуваа уште осум кандидати, од кои некои се главно непознати помлади државни службеници.

Според уставот на земјата, претседателот се избира за седумгодишен мандат.

Локалните медиуми обично го нарекуваат Сердар Бердимухамедов „син на нацијата“, додека неговиот 64-годишен татко, кој има намера да остане претседател на Горниот дом на парламентот, е познат како „аркада“ или „заштитник“.