Министерствата за одбрана на Русија и Украина го договорија форматот на коридорот за излез на цивили, изјави помошникот на рускиот претседател Владимир Медински по втората рунда преговори меѓу Москва и Киев.
„Преговорите со украинската страна штотуку завршија, во кои детално разговаравме за сите три блока прашања: воена, меѓународна, хуманитарна, како и прашањето за идното политичко решавање на конфликтот“, рече Медински по разговорите во Белорусија.
„Успеавме да постигнеме меѓусебно разбирање кога станува збор за некои од нив, но главното прашање што денеска го решивме е спасувањето на луѓето, цивилите кои се наоѓаат во зоната на конфликтот“, рече Медински.
Најмалку 22 цивили загинаа во гранатирање на станбена област во Чернихив
Тој објасни дека претставниците на воените ресори на Русија и Украина се договориле за форматот на режимот за одржување на хуманитарните коридори за излез на цивили, како и за евентуалниот прекин на непријателствата во секторот на хуманитарниот коридор за време на излезот на цивилите.
„Тоа е значителен напредок“, изјави Медински.
Според советникот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, Украина и Русија се договориле заеднички да обезбедат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, испорака на храна и лекови.
Тој посочи дека Киев не ги добил резултатите на кои сметала украинската страна при преговорите со Русија.
Подољак рече дека страните разговарале за можноста за прекин на огнот при евакуација на граѓаните до местата каде што ќе се реализира.
Киев и Москва се договорија да продолжат со преговорите, се планира третата рунда да се одржи што е можно поскоро, додаде тој.
Русија и Украина успеаја да постигнат разбирање за одредени точки, изјави помошникот на рускиот претседател Владимир Медински. Како што рече, страните детално разговарале за сите три блока прашања за кои зборувала Москва.