Заврши средбата Лавров – Кулеба: Постигнат ли е некаков договор?

Сподели со своите пријатели

Само што заврши средбата на министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба, а според украинскиот министер, договор за прекин на огнот не е постигнат.

Средбата на двајцата министри траеше час и половина. Тие се состанаа во Анталија, Турција, каде што разговараа за повеќе теми, вклучително и можна средба меѓу претседателите Владимир Путин и Владимир Зеленски.

 

Москва го обвини Пентагон дека финансира програма за развој на биолошко оружје во Украина

 

По средбата, министрите одржуваат одделни прес-конференции.

Кулеба рече дека преговорите со Лавров биле тешки.

Кулеба рече дека разговарале за хуманитарни коридори и прекин на огнот, но не бил постигнат договор.

Тој додаде дека Киев се обидел да најде дипломатско решение.

Лавров на средбата рече дека е подобро да има студен мир отколку студена војна.

 

Цивилите почнаа да го напуштаат украинскиот град Суми

 

Министерот за надворешни работи на Русија потврди дека се зборувало за хуманитарни коридори и дека планот е да продолжи да се организира евакуација на цивили.

Лавров рече и дека за време на последната рунда преговори меѓу руската и украинската делегација во Белорусија, и биле дадени отворени предлози на Украина и дека сѐ уште чекаат Киев да одговори на нив.

– Овие преговори немаат алтернатива – рече Лавров на прес-конференција по разговорот со Кулеба.

 

ХОРОР: Ова се сателитски снимки од Мариупол по бомбардирањето

 

Тој рече дека Украина го разгледала предлогот на Русија за прекин на конфликтот и дека ќе даде одговор.

Да потсетиме, Кулеба во пресрет на средбата презентираше што ќе разговара со рускиот колега.

– Станува збор за прекин на огнот, подобрување на хуманитарната ситуација во градовите, повлекување на руските војници – беше констатирано од украинското МНР пред средбата на шефовите на дипломатиите на двете земји.