Заврши реновирањето на спортската сала во кумановската Гимназија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Заврши реконструкцијата на училишната спортска сала во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, соопштија денеска надлежните од училиштето и од општината. Реконструкција на одвоениот објект, опфати целосна заменет систем за греење, осветлување, нова подна површина.

Loading...

 

 

– Реновирањето на фискултурната сала е завршено, веќе од есен во наредната учебна година нашите сегашни и идни гимназијалци со задоволство ќе можат да ја користат. Покрај часовите за спорт, салата ќе послужи и за подготовки за многуте спортски активности и настани на кои секогаш успешно се претставуваат, информираа од гимназијата.

 

 

Loading...

Со реконструкцијата на одвоениот училишен објект привршува и обемната реконструкција на кумановската гимназија.Целосната реконструкција на гимназијата почна на почетокот на учебната година со замена на прозорците и вратите на сите училници, обнова на покривот на централниот дел на училиштето, замена на азбестната кровна конструкција на училишната спортска сала. Проектот чини околу 21 милион денари, средства обезбедени од општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

 

 

-Се заокружува проектот реконструкција на училишната зграда, за што сме особено горди и среќни. Гимназијата блеска како никогаш порано, траен и препознатлив белег на Куманово, информираа од училиштето.

Претходно, беа набавени Смарт табли и нови компјутери, друг материјал потребен за кабинетите по биологија, физика, хемија, информатика, по музика.
Во гимназијата настава следат 950 ученици.

МИА