Заврши првата вечер од Тамбурашкиот фестивал (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер на градскиот плоштад во Куманово се одржа првата вечер од меѓународниот Тамбурашки фестивал 2019 година.

Loading...

Манифеставијата ја отворија „Кумановски тамбураши“, со вокалните солисти Сандра Милковска и Нино Величковски, „Велос“ од Нови Сад, „Пљевља“  со солистката Тања Шетер, од Црна Гора, а настап имаше и големиот тамбурашки оркестар на радио телевизија Војводина, со специјалната гостинка Биљана Крстиќ.

Програмата продолжува и вечерва кога концертот ќе одржи „Трио гранде“ од Кавадарци, потоа „Хрватски дом Велс“ од Австрија“, „Тамбурашката Школа Баторек“ од Осијек, а фестивалот ќе го затвори гитаристот Влатко Стефановски – трио и мандолинскиот оркестар Скопје.

Loading...

Организатор на фестивалот е Фондација за култура и спорт, а со поддршка од градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како и Министерството за култура.

Во продолжение дел од атмосферата низ објективот на Кумановски Муабети.

Leave a Reply