Заврши Пробниот попис на земјоделството

Сподели со своите пријатели

Државниот завод за статистика во периодот од 15 до 30 јуни 2022 година го спроведе Пробниот попис на земјоделството.

Loading...

Попишувачите во изминатите две недели ги посетија и ги интервјуираа  избраните  семејни земјоделски стопанства и деловни субјекти што се регистрирани и се занимаваат со активности поврзани со земјоделството на територијата на целата држава.

За време на реализација на теренските активности не се забележани потешкотии и целата активност се реализираше според очекувањата. Сознанијата добиени од Пробниот попис  ќе бидат искористени за организација и спроведување на главниот Попис на земјоделство следната година.

Државниот завод за статистика им се заблагодарува на домаќинствата и деловните субјекти за соработката и учеството во оваа статистичка акција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за јануари