Заврши трката на која учествуваа педесетина професионални велосипедисти од Македонија и Србија, а која денеска се одржа на патека на локалитетот Студена вода во Куманово.
Loading...
Натпреварувањето беше во организација на велосипедскиот планински клуб „Оксиџен“ од Скопје, а велосипедистите се натперваруваа во повеќе категории.
– Натпреварот е во рамките на националната велосипедска лига за бодови за кои се борат најдобрите велосипедисти во Македонија. Се настапува во сите категории мастер и елите мажи и жени, јуниори и кадети. За секоја категорија се возат различни кругови, елит возат шест, жени и мастер пет, катедите четири, а хобистите два круга. Во принцип овој натпревар за прв пат се одржува во Куманово и е дел од календарот на Велосипедската федерација на Македонија во кој се вклучени осум трки низ државата, а Куманово е една од тие локации, изјави Александар Поповски од клубот „Оксиџен“.
Велосипедистите возеа патека од 3,5 километри притоа совладувајќи надморска височина од 185 метри. По шест извозени круга во категоријата елит мажи, најдобар беше Србинот Александар Оман.
– Задоволен сум. Долгиот пат се исплатеше, патеката е навистина една од оние што мене најдобро ми одговараат, ме потсетува на една на која веќе ја освоив првата балканска титула, така да сите пофалби за организацијата, времето не послужи, иако во еден момент за малку не заврна, изјави Оман.
Loading...
Во категоријата елит жени по пет извозени круга најдобра беше кумановката Анита Величковска од клубот „Оксиџен“.
– Супер задоволна, за прв пат ваква трка во Куманово, одлично организирана трка. Стазата е прекрасна, доста техничка, многу технички делови кои јас одлично ги совладав и сум презадоволна, изјави Величковска.
Организаторите изразија надеж дека преку ваквите настани ќе се промовира велосипедизмот кај младите во Куманово, но и ширум државата.
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...