Со драмските „Шипеви вечери“ вчеравечер заврши 14то издание на ликовната колонија „Карпшино“ која уметничкиот фонд на Куманово го направи поголем за околу 30 дела од уметници ширум Балканот.
[huge_it_gallery id=”415″]
Вкупно 14 уметници од Македонија, Србија, Бугарија и Романија во текот на изминатата недела изработија 26 парчиња акрил на платно во рамките на колонијата. Затворањето беше посветено на ликот и делото на Драгиша Димитриевски Шипе, кој е еден од основачите на Мултимедијалниот центар Карпино и истакнат актер и уметник од Куманово.
Меѓународната ликовна колонија „Карпино“ значи по 14 пат за жал овој пат поради временски услови не отидовме во манастирскиот комплекс Карпино, ама затоа она што беше во агенда го исполнивме, т.е. посета на Меморијален центар Пелинце, посета на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане, прошетка низ Куманово, посета на галерија на икони – изјави Мирослав Величковски.
Еден од главните покровители на манифестацијата истакна дека овие осум дена ќе останат запаметени засекогаш, а најави и нов културен настан во склоп на ликовната колонија „Карпино“.
Оваа манифестација ќе биде традиционална и ќе се одржува по повод Драгиша Димитриевски Шипе кој беше наш уметнички директор и целиот живот го помина меѓу сликите и цртежите од една страна, од друга страна како глумец познат кој глумеше во многу познати југословенски филмови. Тој остави едно големо дело зад себе и заслужува нашиот град да му возврати на ваков начин со културна манифестација која ќе биде традиционална – изјави Влајко Стојчевски, сопственик на ресторанот „Грација“.
Академскиот сликар Александар Тановски од Скопје кој по петти пат е дел од ликовната колонија е само еден од 14те уметници кои изминатиот период се препуштија на уметничкиот дух.
Со носталгија се сеќавам значи јас бев пред 11 години во оргиналното место во манастирот Карпино и еве сега по втор пат гледам за мене драги луѓе, луѓе кои што ги познавам одамна, се израдував на нашите средби и се е супер – изјави Александар Тановски, академски сликар и едукатор во музеј.
Дел од целата манифестација беа и членовите на Фото кино клуб „Козјак“, а уметничките дела кои се резултат на ликовната колонија, граѓаните на Куманово ќе имаат можност да ги погледнат во текот на месец ноември, по повод Денот на ослободување на градот.

