Завршени уште две улици во населба Карпош, започнува бекатонирање во Ајдучка Чешма

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово продолжува со интензивни инфраструктурни активности за подобрување на уличната мрежа и урбаниот изглед на градот.

Loading...

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски информира дека во тек е поставување бекатонски плочки на улица „528“ во населбата Ајдучка Чешма, позната како „Бара“.

 

 

Loading...

Во меѓувреме, целосно се завршени улиците „23“ и „25“ во населбата Карпош, каде е изведено бекатонирање со цел подобрување на пристапноста, функционалноста и безбедноста.

 

 

Овие зафати се дел од пошироката програма на Општина Куманово, во рамките на која неодамна беа уредени и улиците „42“ и „43“ во Карпош, а улица „36“ е целосно завршена и пуштена во употреба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка натепана од своите син и внуки

 

 

Loading...

Паралелно, на улица „25“ се поставуваат нови бекатонски плочки за подобрување на пристапноста и визуелниот изглед, додека во населбата Гоце Делчев се вршат подготовки за асфалтирање на паркинг простор кај објектот „Шипад“.

 

 

Во Карпош, покрај новоуредените улици „42“ и „43“, завршена е и улица „39“ со нова бекатонска површина, а слични работи се изведуваат и на улица „35“.

– Чекор по чекор, работиме за поубаво и поурбано Куманово, порача градоначалникот Димитриевски.

Никола Ивановски