Општина Куманово продолжува со уредување на локалната инфраструктура во повеќе делови од градот, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.
Во тек се градежни активности на улицата „170“ во населбата Карпош, каде што се врши бекатонирање со цел подобрување на условите за жителите и создавање функционална урбана средина.
Паралелно, завршени се работите на улицата „400“ во населбата Иго Тричковиќ, каде што е поставен бекатон, со што граѓаните добиваат уредена и безбедна улица за секојдневно користење.
Градоначалникот Максим Димитриевски порача дека општината ќе продолжи со вложувања во инфраструктурата, со цел унапредување на квалитетот на живот на сите жители на Куманово.
Никола Ивановски