Завршен митинг на Движењето ЗНАМ попладнево во Куманово

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија вечерва ќе го одржи завршниот митинг во рамките на кампањата за локалните избори во Куманово.

Настанот ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 18 часот, а на митингот ќе се обратат кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски и носителката на советничката листа Ивана Ѓорѓиевска.

Од Движењето ЗНАМ ги повикуваат сите граѓани на Куманово да присуствуваат и, како што наведуваат, „заедно да го заокружат крајот на една искрена и народна кампања во духот на единството и визијата за подобра иднина на градот“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајка кај село Трновац

Никола Ивановски