До крајот на месецот се очекува да биде изготвена програмата за училишен спорт во која ќе биде предвидено околу шест часа дневно учениците од кумановските училишта да ги користат услугите кои ќе ги нуди затворениот градски базен кој наскоро ќе ги прими првите капачи.

Минатата седница на Советот на Општина Куманово не беше изгласана одлуката ЈП „Чистота и зеленило“ да го добие базенот на стопанисување, затоа што од Катастарот се уште не пристигнал имотниот лист.
Програмта се уште не е усвоена, се надевам дека до крајот на месецот ќе имаме седница на совет каде ќе ја усвоиме програмата за училишен спорт. Во програмта за училишен спорт е предвидено негде шест часа на ден да бидат посветени на училишниот спорт, три часа претпладне и три попладне зависно од училишните смени – вели Дамјановски.

Пливањето ќе биде како вонучилишна активност, затоа што истото не може да се вметне во редовната програма која ја изучуваат децата. Околу 136 часа месечно ќе им бидат на раасполагање на околу 4.000 ученици од општината.
Паралелно со тоа ќе се отвори и школа за пливање, која ќе биде од клубови и таа ќе биде од комерцијален карактер. Значи она што е обавезна настава ќе биде дел од оние што ќе се одлучат за овој спорт, а она што ќе биде практикување на пливачкиот спорт ќе има школа за пливање и граѓански здруженија кои ќе имаат обуки и ќе имаат неколку часа предвидени за рекреација – додава Дамјановски.

Цената на билетот се ревидира, со што се предвидува истата да се плаќа од час. Засега нема точно прецизирање кога ќе започне користењето на услугите на градскиот базен, но до крајот на месецот се очекува да се изгласа ребаланс на Буџетот на Општина Куманово што ќе биде насочено кон давање можност учениците да добијат поголем број ативности во пливачките спортови.


