Затвореник избегал откако гласал за Европскиот парламент во Франција

Сподели со своите пријатели

Затвореник од централниот затвор во градот Арл на југот на Франција побегнал откако гласал на изборите за Европскиот парламент, јавија локалните медиуми.

Loading...

Затвореникот отишол да гласа во спортскиот центар во тој град придружуван од чувар, а по гласањето избегал, пишува регионалниот дневен весник Ла Прованс.

Весникот наведува дека иако во затворот во Арл се сместени лица осудени на долги казни, избеганиот затвореник немал профил на личност која би се обидела да побегне.

Додадено е дека тој требало да биде ослободен во 2026 година.

Во затворот ќе се води истрага за утврдување на околностите на бегството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје и Сараево