Младинскиот оркестар од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово минатата недела одржаа концерт за затворениците во затворот Куманово лоциран во селото К’шање.

– Ваквите настани се од големо значење за одржување на телесното и душевното здравје на осудените лица и истите се во насока на нивна ресоцијализација, стои во објавата на Управата за извршување санкции на социјалната мрежа Фејсбук.

Инаку Центарот за кулутра „Трајко Прокопиев“ и кумановскиот затвор имаа претходно потпишан меморандум за соработка, а претходно имаат гледано и театарска претстава.

Никола Ивановски / фото: Фејсбук

