Затворена амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Сподели со своите пријатели

Амбасадата на САД во Лондон веднаш беше затворена поради безбедносна закана.

Како што јавуваат светските медиуми, пред зградата на амбасадата биле забележани вооружени полицајци и припадници на противпожарната служба, а се слушнал силен удар сличен на експлозија.

Во соопштението на полицијата се вели дека се „свесни за шпекулациите на интернет за инцидент во близина на американската амбасада“.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД ставија вето на резолуцијата за итен прекин на огнот во Газа

На тој простор превентивно се поставени коронети додека полициските службеници го истражуваат сомнителниот пакет.

„Информации ќе дадеме во наредниот период“, велат оттаму.

Портпаролот на американската амбасада изјави дека локалните власти истражуваат сомнителен пакет пред амбасадата. Во овој момент улицата е исто така превентивно затворена.

Очевидци тврдат дека слушнале силен тресок, што полицијата го потврдила.

 

 

Последователно беше објавено дека е извршена контролирана експлозија од нивни членови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ја суспендираше воената помош за Тајван вредна 400 милиони долари

Околните улици се затворени и за сообраќај и за пешаци.

Полицијата соопшти дека областа е опколена додека се истражува инцидентот.